сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА донесе одлука за настап на Барселона во европските натпреварувања

УЕФА донесе одлука за настап на Барселона во европските натпреварувања

Новинарите на шпанска Марка тврдат дека претставниците на УЕФА денеска ги информирале челниците на Барселона за нивната одлука околу настапот на овој тим во европските натпреварувања за следната сезона.

Така на Барселона и е дозволено следната сезона да игра во Лигата на шампионите, што е одлична вест за навивачите на овој клуб.

Оваа одлука е донесена откако луѓето во УЕФА детално ги анализирале сите информации што ги имале за наводното поткупување на судиите од Барселона.