четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиол е најскап дефанзивец на сите времиња, се договори со Сити!

Гвардиол е најскап дефанзивец на сите времиња, се договори со Сити!

Зделката е готова! РБ Лајпциг го продаде Јошко Гвардиол во Манчестер Сити и Хрватот станува најскап дефанзивец на сите времиња во светскиот фудбал.

Долго време преговараа двете страни, а директорот на РБ Лајпциг потврди дека преговорите завршиле успешно. Гвардиол оди во Манчестер Сити за сума од околу 100.000.000 евра, а Пеп Гвардиола ќе го добие посакуваното засилување.

21-годишниот хрватски стопер се најде во фокусот за време на СП 2022 поради неговите добри партии, а во исто темпо играше и во Лигата на шампионите. За него Манчестер Сити ќе биде најголем предизвик во кариерата.

Досега, Гвардиол играше само за Динамо Загреб и РБ Лајпциг.