сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Крај на сагата за Брозовиќ, Хрватот потпиша со Ал Наср

Крај на сагата за Брозовиќ, Хрватот потпиша со Ал Наср

Марсело Брозовиќ во новата сезона и дефинитивно ќе му биде соиграч на Кристијано Роналдо откако денеска стави потпис на договор со Ал Наср.

Брозовиќ долго време размислуваше дали да ги прифати парите на Саудијците, а откако го направи тоа Ал Наср побара дополнителен попуст од Интер, по што работата се одложи.

Сега е готово, конечниот договор е Ал Наср на Интер да му плати 18 милиони евра за Брозовиќ.

Хрватот стави потпис на тригодишен договор, период за кој се очекува да заработи околу 100 милиони евра.