четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Писториус: Услови за членство на Украина во НАТО дури по завршувањето на војната

Писториус: Услови за членство на Украина во НАТО дури по завршувањето на војната

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека предусловите за влез на Украина во НАТО може да се дефинираат само по завршувањето на војната.

„Најважно за Украина е да победи. Условите за завршување на агресорската војна, која е во спротивност со меѓународното право, можат да ги одредат само Украинците. Ќе ја поддржуваме Украина се додека е неопходно да се одбрани од бруталниот руски напад“, рече Писториус во интервју за полскиот весник „Речпосполита“.

На прашањето зошто Берлин е повнимателен во однос на членството на Украина од повеќето членки на НАТО, германскиот министер рече дека претставниците на Киев ќе добијат рамноправно место на претстојниот самит во Вилнус.