Во најквалитетната фудбалска лига во Франција во новата сезона ќе се користи системот за видео-помош на арбитрите (VAR), информира прес-службата на Лига 1.
За првпат ВАР ќе биде вклучен во натпреварот од 1.коло меѓу Олимпик Марсеј и Тулуз, кој ќе се одигра на 10 август.
Мината сезона, ВАР технологијата се користеше во шампионатите на Италија и Германија.
Видео помошта за судиите беше користена и на Светското првенство што неодамна се играше во Русија.