вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Штип: Пронајдена дрога, приведени две лица

Претрес во Штип: Пронајдена дрога, приведени две лица

На 05.07.2023 година во Штип, од страна на полициски службеници од Полициска станица Штип од слобода се лишени О.М.(45) од Штип и И.Д.(31) од Велес.

При претрес во просториите каде што престојувале, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.