вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Самит на НАТО во Вилнус – приближување на Украина до Алијансата

Самит на НАТО во Вилнус – приближување на Украина до Алијансата

Самитот ќе испрати порака дека Алијансата останува обединета и на него лидерите на земјите членки ќе усвојат три нови регионални одбранбени планови за спротиствавување на двете главни закани – Русија и тероризмот, но се очекува и договор за пакет со три елементи за приближување на Украина до НАТО, вели генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Според него, во овој пакет би требало да биде вклучена повеќегодишна програма за помош на Украина за да се обезбеди нејзина интероперабилност, надградување на политичките врски меѓу Киев и НАТО, како и реафирмација дека земјата ќе стане членка на сојузот во иднина.

-Сојузниците, исто така, ќе преземат јасни чекори за зајакнување на одвраќањето и одбраната, со усвојување на три нови регионални одбранбени планови за спротивставување на двете главни закани за НАТО – Русија и тероризмот. Со овие планови се предвидува зголемена готовност на 300.000 војници, како и ангажирање на воздухопловни и поморски сили – рече тој.

Според него, на Самитот ќе биде усвоен и Акциски план за одбранбено производство, преку кој ќе се координира побарувачката, ќе се зајакнат капацитетите и ќе се зголеми интероперабилноста, тој очекува и лидерите на НАТО поамбициозно да ја реафирмираат определбата за издвојување на најмалку два отсто од националните БДП за потребите на одбраната, додавајќи дека според најновите податоци европските членки на Алијансата и Канада во 2023 година ги зголемиле трошоците за одбрана за 8,3 проценти.

-Значи, европските сојузници и Канада ќе инвестираат над 450 милијарди американски долари повеќе отколку во 2014 година, кога ветивме зголемување на инвестициите во одбраната – изјави Столтенберг.