понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан договори ново засилување, доаѓа Кристијан Пулишиќ

Милан договори ново засилување, доаѓа Кристијан Пулишиќ

Екипата на Милан договори засилување за офанзивата, бидејќи пред потпис со „росонерите“ е Кристијан Пулишиќ. Крилниот фудбалер не е во плановите на Почетино во Челзи, па се реши за нов предизвик.

За услугите на Пулишиќ, Милан на Челзи ќе му исплати дваесет милиони евра, плус одредени бонуси. Фудбалерот веќе одамна има договор со клубот, ќе парафира четиригодишен договор и сега остануваат да се завршат уште најситни детали за зделката да се официјализира. Пулишиќ се очекува во наредните денови да пристигне во Милано, каде што ќе мине медицински тестови и ќе стави потпис на договор.

Челниците на Милан се фрлија на работа откако го продадоа Сандро Тонали за осумдесет милиони евра во Њукасл. Веќе комплетирани се трансферите на Лофтус Чик како директна замена, исто така од Челзи, Лука Ромеро и Марко Спортиело потпишаа како слободни агенти за ротација во ростерот, а се работи и на други трансфери.