вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мигранти од Мароко најдени во Македонија, се возеле во автобус

Мигранти од Мароко најдени во Македонија, се возеле во автобус

На 08.07.2023 во 23.00 часот на Граничен премин Табановце полициски службеници, при извршена контрола на патници во автобус со струшки регистарски ознаки, констатирале дека патниците H.B.(23) и E.A.(32) не поседуваат документација за идентификување и по извршените проверки е констатирано дека лицата се мигранти од Мароко.

За настанот е известен јавен обвинител и по негова насока лицата мигранти се сместени во прифатен центар за понатамошна постапка.