сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Полска уапсен Украинец поради шпионирање за Русија

Во Полска уапсен Украинец поради шпионирање за Русија

Полската агенција за внатрешна безбедност уапси Украинец, уште еден член на расформираната шпионска група, кој им предавал информации за воените објекти и поморските пристаништа во Полска на руските разузнавачки агенции, соопшти денеска полскиот министер за внатрешни работи и администрација Мариуш Камињски.

Украинскиот државјанин бил во Полска од 2019 година, а беше уапсен на 21 јуни како 15-ти член на голема мрежа руски агенти кои ги надгледувале железниците, аеродромите и пристаништата од каде поминува не само полската воена помош, туку и од другите земји на НАТО кон Украина.

За кривичните дела за кои се товари му се заканува затворска казна до 10 години, соопшти надлежното обвинителство, а уапсениот Украинец е задржан во притвор. Првите апсења на групата, како што наведува обвинителството, на странци од истокот, започнале кон средината на март кога биле уапсени шест нејзини членови.

Според соопштението на Агенцијата за внатрешна безбедност, уапсените поставиле скриени камери на железничките клучки и во близина на аеродромот Јешонка во Жешов на истокот на Полска со цел да ги следат конвоите со оружје за Украина и за пари тие податоци ги испраќале до руските разузнавачки агенции.