сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПРИЈАВЕТЕ СЕ: 16ти традиционален турнир во мал фудбал 8ми септември, Маџари – Триангла, награден фонд од 340 илјади денари!

ПРИЈАВЕТЕ СЕ: 16ти традиционален турнир во мал фудбал 8ми септември, Маџари – Триангла, награден фонд од 340 илјади денари!

По повод Ден на независноста на Република Северна Македонија 8-ми СЕПТЕМВРИ, Здружение СОЛИДАРНОСТ М Скопје организира турнир во мал фудбал под покровителство на Општина Гази Баба.

Настанот го одбележува празникот Ден на независноста на Републиката – 8ми Септември и предвидено е да трае еден месец. На турнирот секоја година земат учество повеќе од 60 екипи со преку 700 натпреварувачи, а натпреварите се одржуваат во попладневните и вечерните часови. Натпреварите се одигруваат на игралиште со вештачка трева во градинката на Триангла. Дневно натпреварите од трибините ги следат преку 1000 љубители на фудбалот.

Турнирот започна да се организира во 2007 та година, и со оглед на позитивните впечатоци, одличната организација и големата заинтересираност турнирот сеуште се одржува.

Турнирот е организиран од личности кои претходно имаат настапувано во првата и втората македонска фудбалска лига.
За потребите на Турнирот се ангажираат судии.

Околу начинот на натпреварување:

Турнирот се организира во формат групна фаза + елиминации.

Во елеминации продолжуваат да се натпреваруваат најдобрите 2 екипи од секоја група.

Елиминациите се во формат 1/8 финале, ¼ финале, ½ финале, и финале.

Победникот во елиминационата фаза продолжува понатаму.

Елиминационата фаза се игра според шема претходно предвидена од организаторот, а екипите се бираат по пат на ждребка.
Околу учество на екипите:

Во досегашната историја на Турнирот, покрај екипите од Скопје имаат земено учество екипи од територијата на цела Македонија, и екипи од соседните држави како што се Србија, Косово, Бугарија и други.

Важноста на оваа спортска манифестација се одразува и влијае на младата генерација, па така сакаме преку спортот да го промовираме спортскиот дух,дружењето, забавата и да изградиме поголеми вредности не само кај младите, туку кај секој човек без разлика на возраст.

Име на програмската активност: Традиционален турнир во мал фудбал
(футсал) “8-ми Септември” – Маџари Триангла Проект:Активности во спортот

Планирано време одржување: Од 08.08.2023 до 09.09.2023

Час на одржување: Од 18:00 часот до 23:00 часот

Место на одржување: На игралиште со вештачка трева во градинката Детелинка на ул. Модест Мусоргски во населба Маџари – Триангла

Формат на натпреварување: Групна фаза – Елиминациона фаза

Број на играчи на натпревар од екипа: 5+1

Број на вкупно пријавени играчи во екипа: 10+2

ГЕНЕРАЛЕН ПОМАГАТЕЛ: Општина Гази Баба

✍ Пријавување до 06 Август 2023

☎ 071556300 ☎078456769
e-mail: [email protected]
Facebook page: Turnir vo mal fudbal “8mi Septemvri” Madzari-Triangla
Instagram page: turnir_8mi_septemvri
Котизација: 6.000 денари