Седум недели до првиот натпревар на Македонија на Европското одбојкарско првенство 2023, последни денови од одморот на одбојкарите пред почетокот на подготовките за континенталниот собир.
Селекторот Јошко Миленкоски ќе прозива в понеделник, а репрезентацијата ќе тренира во Скопје.
Македонските одбојкари за да бидат во вистинската форма ќе одиграат 11 контролни натпревари со пет репрезентации.
Трипати ќе се тестираме со Романија, двапати со Израел, четирипати со Јапонија, а по еднаш со Грција и со Египет. Ова значи дека во период од триесетина денови кај нас ќе има 30 натпревари врвна европска одбојка.
Македонија третпат ќе игра на европско првенство, премиерно дома, во „Борис Трајковски“ од 30-ти август до 6-ти септември.