петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Највозрасниот фудбалер во светот, Миура, ќе игра и следната сезона

Највозрасниот фудбалер во светот, Миура, ќе игра и следната сезона

Највозрасниот активен фудбалер во светот, 56-годишниот Казујоши Миура, го продолжи договорот со Оливеиренсе и за следната сезона, соопшти денеска португалскиот второлигаш.

Миура од февруари годинава настапува за Оливеиренсе како позајмен фудбалер од Јокохама, а во завршницата на минатата сезона постави рекорд како највозрасен фудбалер кој настапувал во португалската лига.

Сопствениците на јапонскиот прволигаш Јокохама од лани се мнозински акционери во Оливеиренсе.

Највозрасниот фудбалер во светот својата импозантна кариера ја почна во бразилски Сантос, по што настапуваше и за Палмеирас, Коричиба, Верди Кавасаки, Џенова, Висел Кобе, Динамо Загреб и Сиднеј.