Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Белград, Кристофер Хил, денеска изјави дека САД „многу внимателно“ ги набљудувале активностите на директорот на Агенцијата за безбедност и информации (БИА) на Србија, Александар Вулин, и заклучиле дека не сакаат да имаат контакт со него.
При посетата на археолошкиот локалитет Бело Брдо, Хил рече дека санкциите против Вулин се воведени за да се заштитат САД, а тие значат дека на Вулин не може да му се даде американска виза или дека може да склучува деловни договори во таа земја.
Американскиот амбасадор истакна дека односите меѓу САД и Србија се „добри“ и дека се „подобруваат“, додавајќи дека Србија јасно ставила до знаење дека сака да ни се придружи на Запад.