петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода утре корисниците од ул. „15-ти Корпус“ во Гази Баба

Без вода утре корисниците од ул. „15-ти Корпус“ во Гази Баба

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре од 7.00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. „15-ти Корпус“ во Општина Гази Баба, како и сите деловни објекти лоцирани на неа.

Прекинот на водоснабдување е поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. „15-ти Корпус“ бр.15 во населба Автокоманда и ќе трае до завршување на работата.