четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед купи голман од 55 милиони евра

Манчестер Јунајтед купи голман од 55 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, експресно најде нов голман откако не му го продолжи договорот на Давид де Хеа.

Нов чувар на мрежата на Црвените ѓаволи ќе биде Андре Онана од Интер. Онана одамна ја договори платата со управата на Јунајтед, а вечерва двата тима конечно најдоа заеднички јазик за отштетата.

Манчестер јунајтед ќе му плати на Интер 55 милиони евра, 50 милиони отштета и пет милиони во бонуси. За трансферот да биде официјален, останува Интер и Јунајтед да се договорат околу ратите.

Онана на „Олд трафорд“ доаѓа на инсистирање на менаџерот Ерик тен Хаг, го кој тренираше голманот во Ајакс.