четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал го претстави засилувањето вредно 45 милиони евра

Арсенал го претстави засилувањето вредно 45 милиони евра

Англискиот фудбалски тим Арсенал официјално го објави своето најново засилување, а тоа е холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер.

22-годишниот дефанзивец пристигна од редовите на Ајакс и стави потпис на петгодишен договор со „топчиите“.

Конечно се исполни желбата на тренерот Микаел Артета да се засили и одбраната, а ова е второ официјално засилување за тимот, по доаѓањето на Хаи Хаверц  од Арсенал. Лондончани ќе му платат на Ајакс сума од 45 милиони евра за услугите на младиот Холанѓанец.