петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Почнa седумнаесеттиот меморијален турнир „Љубомир Рајчевски Рајче“

Почнa седумнаесеттиот меморијален турнир „Љубомир Рајчевски Рајче“

Седумнаесеттиот Меморијалем турнир „Љубомир Рајчевски Рајче“ започна вечерва во скопското село Глуво.

На годинашното издание на турнирот учество ќе земат околу 27 футсал екипи кои, почнувајќи од утре, ќе се натпреваруваат во следниот месец.

Наградниот фонд за првите три места изнесува 300.000 денари.

Меморијалниот турнир селото Глуво го организира во чест на фудбалската легенда на фудбалскиот клуб „Вардар“ Љубомир Рајчевски – Рајче, кој потекнува од село Глуво, Скопска Црна Гора, Општина Чучер Сандево.