Подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе се задржи многу топло време со високи температури, утринските на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
UV индексот ќе има многу висока вредност 10.