петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„И после 17 години во СДС ништо не се променило, единствено важни им се бизнис зделките и милионите, Ковачевски ги продолжува криминалиите на тогашната коалиција СДС-ДУИ, концесијата за рудник во Иловица е од нивно време“

„И после 17 години во СДС ништо не се променило, единствено важни им се бизнис зделките и милионите, Ковачевски ги продолжува криминалиите на тогашната коалиција СДС-ДУИ, концесијата за рудник во Иловица е од нивно време“

Владата на СДС и ДУИ уште во 2006година го потпишала договорот за концесија за отварање на рудник и ископ на минерални суровини во локалитетот Иловица, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Истиот договор е потпишан од Фатмир Бесими со претходна одлука на Владата на СДС и ДУИ за давање на Концесија од 25 април 2006 година, кој тогаш бил министер за економија. Сега после цели 17 години, Димитар Ковачевски ги продолжува криминалиите на тогашната коалиција СДС-ДУИ. Спојувањето на концесијата за ископ на бакар и злато во Иловица е спротивно на волјата на граѓаните ид струмичко. Но, Ковачевски ги исполнува барањата на неговиот шеф Али Ахмети и ДУИ, бидејќи лицето кое е блиско до ДУИ, Назиф Дестани сака да профитира милионски суми на пари. Дополнително, врв на лицимерието е што и министрите на Ковачевски велат дека министрепт за економија од ДУИ, Крешник Бектеши ги излажал и затоа гласале на владина седница одлука за спојување на концесиите за отварање на рудник за ископ на бакар и злато во Иловица. Доколку беа излажани до сега истите требаше во најмала рака да си поднесат оставка и да бараат оставка и одговорност од Бектеши, велат од партијата.

Од таму додаваат дека бизнис интересите на ДУИ поддржани од СДС и Ковачевски стигнаа и до источниот регион.

-Во СДС ништо не се променило, и тогаш и сега единствено важни им се бизнис зделките и милионите. Му порачуваме на Ковачевски наместо да се пењави по телевизии и да дава изјави дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја дала концесијата, прво нека се информира и нека бара одговорност од ДУИ. Ковачевски работи на штета на здравјето на граѓаните и против нивните интереси. СДС и ДУИ набрзо ќе заминат во длабока опозиција, а Ковачевски и Ахмети ќе одговараат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести