Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз кој е победник на Вимблдон го привлече вниманието на многу припаднички на понежниот пол. Сепак, неговото срце го украде Марија Гонзалес Гименез.
Марија е родена во Мурсија, Шпанија, но многу приватни детали и нејзиниот љубовен живот ги држи подалеку од очите на јавноста.
View this post on Instagram
Таа е исто така тенисерка и игра за Murcia Club de Tenis. Поголемиот дел од слободното време го поминува на плажа, а на Инстаграм често споделува фотографии од омилената локација.
View this post on Instagram
Шпанскиот тенисер еднаш откри за Вог дека немал девојка 18 месеци, поради што посетил психолог.
-Комплицирано е кога никогаш не сте во ист град. Тешко е да се најде личност која ќе ги сподели работите со вас ако сте секогаш на другата страна на планетата, признал тој.