вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Кампацо се врати во Реал Мадрид!

ОФИЦИЈАЛНО: Кампацо се врати во Реал Мадрид!

Факундо Кампацо и официјално се врати во Реал Мадрид и потпиша четиригодишен договор. По одличната полусезона во дресот на Црвена Звезда, Аргентинецот реши да се врати во редовите на актуелниот освојувач на Евролигата.

Кампацо играше за Реал од 2014 до 2020 година и учествуваше во освојување на 11 трофеи, од кои две во Евролигата во 2015 и 2018 година. По заминувањето од Реал во 2020 година, тој играше две години во НБА, прво за Денвер, а потоа многу кратко за Далас.

Во декември минатата година тој потпиша за Звезда и му се приклучи на сонародникот Лука Вилдоза. Го освои Купот на Србија, Суперлигата, но загуби од Партизан во финалната серија од АБА-лигата, а не успеа да му помогне на тимот да стигне до фајјнал-ејт во Евролигата.