понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Трето засилување без ниту едно евро: Барса го врати Ориол Ромеу

Трето засилување без ниту едно евро: Барса го врати Ориол Ромеу

Продолжува трендот на бесплатни засилувања на шпанскиот шампион Барселона. По Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез, во Каталонија пристигна уште еден слободен фудбалер.

Барселона постигна договор со Џирона за потписот на играчот од средниот ред Ориол Ромеу. 31-годишниот фудбалер потпиша договор со клубот до 30 јуни 2026 година, со откупна клаузула од 400 милиони евра во договорот.

Ромеу ја започна својата кариера во академиите на Улдекона и Еспањол, од 2004 до 2011 година беше во Барселона. Потоа играше за Челзи, Валенсија, Штутгарт, Саутемптон.

Во сезоната 2022/23, тој забележа 34 настапи за Џирона во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола.