Португалскиот фудбалски репрезентативец Жоао Феликс најверојатно ќе биде следното засилување за Барселона во летниот преоден рок.
Ел Мундо Депортиво вечерва јавува дека Барса и Атлетико постигнале меѓусебен договор иако многумина се сомневаа дека ќе се случи такво нешто.
Според весникот, Феликс ќе дојде во Барселона како позајмен играч на една сезона, а Барса ќе има обврска идното лето да го откупи неговиот договор.
Повеќе информации на оваа тема би требало да има во следниот период, можеби веќе до крајот на оваа недела.