петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Славонија забележани удари на ветер од 180 км/ч!

Во Славонија забележани удари на ветер од 180 км/ч!

Државниот хидрометеоролошки завод  на Хрватска (ДХМЗ) соопшти дека, според податоците за брзината на ветерот од автоматската станица ДХМЗ во Градиште кај Жупања, во средата во периодот од 18 до 19 часот на тоа подрачје биле забележани удари на ветрови до 180 километри на час, додека најголем налет во загребската област е регистриран во Горица.

ДХМЗ ги собра првите податоци за брзината на ветрот, кој за време на големото невреме во Загреб и неговата околина, а потоа и во областа Славонија, урна дрвја и однесе покриви. Невремето однесе три животи, а повеќе од сто луѓе беа повредени, од кои некои потешко.

Исто така, од ДХМЗ, според моментално достапните податоци велат дека најсилен налет во областа на Загреб е забележан во Велика Горица, каде на аеродромот е измерен удар на ветер од 115 километри на час.

Во Максимир е забележан налет од 92 километри на час, а во Сљемен кај Пунтијарка дувал ветер со брзина од 88 километри на час.