сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Крешник Бектеши го потопи Ковачевски, призна дека концесијата за Иловица ја дале СДС и ДУИ, сега уште да кажат што договориле со Дестани!?“

„Крешник Бектеши го потопи Ковачевски, призна дека концесијата за Иловица ја дале СДС и ДУИ, сега уште да кажат што договориле со Дестани!?“

Крешник Бектеши го потопи Ковачевски, призна дека концесијата за Иловица ја дале СДС и ДУИ, сега уште да кажат што договориле со Дестани!?, ова денеска преку соопштение до јавноста го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Крешник Бектеши призна дека СДС и ДУИ се тие кои ја дале концесијата за Иловица и со тоа ги помножи со нула Ковачевски и СДС кои една недела градат реторика на лаги, и покрај сите документи кои излегоа во јавноста и ги негираат. И не само што СДС и ДУИ се виновни за Иловица, туку истите тие дозволиле во рудникот наместо светски познатата компанија за тргување со метали Трафигура, со годишен обрт од 300 милијарди долари да влезе компанија на семејството Дестани од ДУИ. Дестани немаат никакво искуство од копањето на метали, особено не на злато, народот во струмичко со право е вознемирен дека постои опасност од контаминација на почвата, велат од партијата.

Од таму додаваат дека со што Дестани ја убедил владата и истата му дозволила да преземе удели во Иловица? Дали поврзаноста со ДУИ или можеби нешто друго било пресудно за власта да биде уверена дека Дестани е вистинскиот избор, и наместо да го одбие барањето на Дестани за преземање, го прифатила.

Најнови вести