понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Николов и Начевски ќе судат на турнирот во Добој

Николов и Начевски ќе судат на турнирот во Добој

Покрај Еурофарм Пелистер, Македонија ќе биде претставена и од најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски на ракометниот турнир во Добој.

Најстариот ракометен турнир на Балканот оваа сезона ќе биде можеби најсилен досега.

На турнирот ќе настапат каталонскиот гигант Барселона, поранешниот европски првак Монпелје, силниот Ал Ахли, како и шампионите од екс-ју земјите – Еурофарм Пелистер, Целје, Загреб и Војводина.