Македонскиот шампион Шкендија во моментов го игра првиот меч од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите против Салцбург.
Шампионот на Австрија после првите 45 минути води со 2:0 против Шкендија.
Головите за Салцбург ги постигнаа Мунас Бабур од пенал во 16-та минута и Златко Јунузовиќ во 45 минута.