сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Колумбиска фудбалерка колабираше за време на тренинг на Мундијалот

Колумбиска фудбалерка колабираше за време на тренинг на Мундијалот

Младата колумбиска фудбалерка Линда Каиседо колабираше на теренот и кратко време загуби свест за време на денешниот тренинг на репрезентацијата која учествува на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд,

На младата фудбалерка помош веднаш и дадоа колешките од репрезентацијата како и лекарскиот персонал на колумбискиот тим по што беше пренесена во болница.

„Линда е многу уморна“, им рече на новинарите член на медицинскиот персонал на Фудбалската федерација на Колумбија.

„Тоа што се случи беше само симптом на стрес и физички замор. Таа се чувствува добро и сè се врати во нормала“, изјави истиот извор.

Каиседо, која беше стрелец во триумфот на Колумбија од 2-0 над Јужна Кореја во првото коло од Групата Х на Мундијалот 2023, од февруари годинава го носи дресот на Реал Мадрид, а многумина и предвидуваат блескава фудбалска кариера.

За колумбиската репрезентација дебитираше на 15-годишна возраст откако претходно и беше дијагностициран рак на матката. Беше оперирана и по шестмесечна хемотерапија се врати на фудбалот.