СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Д.(67) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови“.
На 06.06.2023 во Струмица, при координирана контрола од Државниот девизен и пазарен инспекторат, пријавениот бил затекнат како врши размена на странски и домашни валути со друго лице, при што кај него биле пронајдени и одземени евра, американски долари, швајцарски франци, левови и денари, по што тој го признал делото.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.Т.(66) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови“.
На 06.07.2023 во Струмица, при координирана контрола од Државниот девизен и пазарен инспекторат, пријавениот бил затекнат како врши размена на странски и домашни валути со друго лице, при што кај него биле пронајдени и одземени евра и денари, по што тој го признал делото.