недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер пред потпис со Радивојевиќ

Еурофарм Пелистер пред потпис со Радивојевиќ

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер е на прагот на ново големо засилување, откако тимот од Битола влезе во завршна фаза од преговорите со Богдан Радивојевиќ, српскиот репрезентативец кој е слободен играч по заминувањето од Пик Сегед.

Тој беше дел од шампионската генерација на Фленсбург од 2014 година во ЛШ, а потоа ги бранеше и боите на Рајн Некар Левен.

По заминувањето од Пик Сегед се најавуваше дека српскиот репрезентативец ќе потпише за Динамо Букурешт, но откако романскиот тим не доби вајлд-карта за ЛШ преговорите се искомпликуваа, целата ситуација ја искористи управата на „пелистерци“ која сега е пред потпис со овој 30-годишен ракометар.