четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Фатен крадец од Скопје: Се заканувал дека ќе се самоповреди со штрафцигер, па нападнал полицаец

Фатен крадец од Скопје: Се заканувал дека ќе се самоповреди со штрафцигер, па нападнал полицаец

По преземени мерки од страна на Одделението за криминалистички работи Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.М.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 26.07 и 27.07.2023 извршил две кривични дела тешка кражба и кражба на велосипеди на подрачјето Кисела Вода и Аеродром.

Со него бил извршен службен разговор во кој во целост ги признал начинот на извршувањето на кривичните дела, а одземените предмети биле вратени на сопствениците.

При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.