Големиот турски талент, Арда Ѓулер вечерва ќе се врати во Мадрид каде ќе биде подложен на специјален третман за повредата која ја заработи на подготовките на кралскиот клуб.
Ѓулер пред веќе неколку дена тренираше сам поради повреда, сакаше да се опорави за некој од следните мечеви на Реал Мадрид, но тоа нема да се случи.
Последните информации велат дека Ѓулер се враќа во Мадрид каде ќе има специјален третман за санирање на повредата.
Станува збор за повреда на десниот менискус.