среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед го купи данскиот напаѓач Расмус Хојлунд за 72 милиони фунти

Манчестер Јунајтед го купи данскиот напаѓач Расмус Хојлунд за 72 милиони фунти

Манчестер Јунајтед се договори за 72 милиони фунти за ангажирање на данскиот репрезентативен напаѓач Расмус Хојлунд од Серија А Аталанта, јави Би-Би-Си.

20-годишниот фудбалер ќе се пресели на „Олд Трафорд“ за сума од 64 милиони фунти, плус потенцијални 8 милиони фунти како додатоци.

Хојлунд и се приклучи на Аталанта во август 2022 година и минатата сезона постигна 10 гола на 34 натпревари.

Неговиот договор со Јунајтед ќе биде на пет години, со опција за дополнителна сезона.Хојлунд ќе биде третото засилување на менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хег ова лето, откако играчот од средниот ред Мејсон Маунт дојде од Челзи за 55 милиони фунти, а голманот на Интер, Андре Онана беше потпишан за 47,2 милиони фунти.

Јунајтед се огради од потегот за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, откако одлучи дека договорот за англискиот капитен ќе биде премногу скап и тежок за комплетирање.