петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Стојановиќ: Не смее да има товар, оваа генерација првпат е на голем турнир

Стојановиќ: Не смее да има товар, оваа генерација првпат е на голем турнир

Македонската кадетска ракометна репрезентација се подготвува за настап на Светското првентство кое ќе се одржу во Хрватска. Припремите се одржуваа во Маврово и Скопје, а делегацијата на У19 тимот се очекува да отпатува за турнирот.

Селекторот Раде Стојановиќ нема да може да смета на Димитар Узунчев кој отпадна поради повреда.

„Можам да кажам дека сме задоволни од пристапот на играчите. Подготвени сме за овој Мундијал, иако со оваа генерација ќе ни биде првпат. Ќе следуваат и многу други големи турнири, догодоина имаме настап и на Европско првенство.На овие деца не смееме да им даваме товар. Доаѓаме од Б шампионат, па момчињата немаат почувствувано товар на ваквите натпреварувања. Голем хендикеп ни е повредата на Димитар Узунчев. Доколку беше тој тука, ние како тим ќе се подготвувавме за подобар пласман. Ќе дадеме максимум, за нас секоја победа е успех бидејќи децата може така да растат. Секој триумф е искуство, јас со оваа генерација ветувам дека во наредните години можеме до добар пласман, ама сега е рано да се постави товар на оваа генерација“, изјави Стојановиќ.

Македонија ќе се сретне со селекциите на Норвешка, Црна Гора и Грузија. Турнирот во Хрватска ќе се одржи од втори до 13 август.