Ријалити учесничката Тара Симов која се породи пред само неколку недели ја раскина врската со таткото на нејзиното дете, Данило Раичевиќ.
Имено како што се шпекулираше на социјалните мрежи, вчера сето тоа се потврди откако таа направи нова тетоважа со која буквално врти нов лист во животот.
Таа истетовира цреша со гранки и цветови на својата нога, а во еден дел го напиша и името на синот.
Инаку оваа тетоважа на јапонска цреша е симбол на женската убавина и сексапилност, а од друга страна симболизира дека животот оди понатаму и мора да се живее со сегашноста.
View this post on Instagram
Претходно веќе со денови се шпекулираше дека таа веќе е самохрана мајка и дека нејзиниот партнер се откажал да се грижи за неа и нивниот син.