недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Германец приведен во Македонија, приложил фалсификувана сообраќајна дозвола

Германец приведен во Македонија, приложил фалсификувана сообраќајна дозвола

На 01.08.2023 во 01:30 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.Д.(32) од Германија, со живеалиште во Скопје.

При гранична контрола и проверка, било констатирано дека на увид приложил фалсификувана сообраќајна дозвола за патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.