сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Легендарниот Буфон става КРАЈ на својата богата кариера

Легендарниот Буфон става КРАЈ на својата богата кариера

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон и официјално донесе одлука да стави крај на својата кариера, а одлуката ќе ја соопшти следните денови.

Тој во наредните денови ќе го прекине договорот со Парма, по што официјално ќе замине во фудбалска пензија.

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот ќе стави крај на богатата кариера на 45-годишна возраст.

Кариерата ја почна во Парма, но најголема трага остави во Јувентус каде се етаблираше во вистинска легенда. Со Италија во 2006 година ја освои светската круна.