петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал без Габриел Жесус ќе ја започне новата сезона

Арсенал без Габриел Жесус ќе ја започне новата сезона

Тренерот на Арсенал Микел Артета ја потврди повредата на коленото на Габриел Жесус и рече дека напаѓачот ќе отсуствува неколку недели.

Арсенал на 12. август го игра првиот натпревар од новата сезона во Премиерлигата, а дотогаш Габриел Жесус нема да биде опоравен.

„Тој имаше мала процедура утринава, за жал повреден е. Имаше некаква нелагодност во коленото која му правеше проблеми, па мораше да се направи интервенција. Тој неколку недели ќе биде надвор од теренот“, потврди Артета.