петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Меси повторно имитираше херој од Avengers, овој пат прославата беше јасна!

ФОТО: Меси повторно имитираше херој од Avengers, овој пат прославата беше јасна!

Лионел Меси повторно е во фокусот на американската спортска јавност. Аргентинскиот ас постигна нови два гола во победата на Интер Мајами против Орландо, а одново многу прашина крена неговата прослава.

Имено, на претходниот натпревар по постигнат гол Меси ја испружи раката и потоа ја стегна тупаницата. Некои мислеа дека тоа е движење на Дарт Вејдер, но потоа семејството на Меси појасни дека тој го имитирај Тор, еден од хероите на Одмазници.

Една недела подоцна, односно во победата над Орландо, Меси повторно се запиша во листата на стрелците, а овој пат прослави во стилот на Блек Пантер – „Wakanda Forever“.

Меси во досегашните три настапи за Интер Мајами постигна пет гола.