недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тен Хаг: Потребни ни се гладни фудбалери

Тен Хаг: Потребни ни се гладни фудбалери

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед го засили нападот со талентираниот Расмус Хојлунд кој доаѓа од Серија А Аталанта за сума од 72 милиони фунти.

Навивачите имаат големи очекувања од Хојлунд во новата сезона, а тренерот на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг испрати порака до новото засилување.

„Мислам дека има голем потенцијал. Сепак, треба да се докаже на теренот. Ни требаат гладни фудбалери и Хојлунд е играч кој сака да постигнува голови, да победува и да освојува титули“, кажа Тен Хаг.