Јапонија планира да започне со испуштање на прочистена радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во океанот уште на крајот на август, објави денеска јапонскиот дневен весник Асахи Шимбун, повикувајќи се на неименувани владини извори.
Се очекува официјалната објава да дојде набргу по средбата на премиерот Фумио Кишида со американскиот претседател Џо Бајден и јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол во САД следната недела за да ја објаснат безбедноста на водата за која станува збор.
Јапонскиот нуклеарен регулатор минатиот месец му даде зелено светло на операторот на централата Токио Електрик Пауер да започне со ослободување на водата – за која Јапонија и Меѓународната агенција за атомска енергија велат дека е безбедна, но блиските земји стравуваат дека може да ја загади храната. Риболов треба да започне во септември кај Фукушима, североисточно од Токио, а владата има намера да започне со испуштање вода пред да започне сезоната на риболов, пишува весникот.