вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода кулите Расадник и дел од Карпош

Без вода кулите Расадник и дел од Карпош

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од кулите Расадник во Кисела Вода и неколку улици во Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок ф-150мм на ул.1511/12б, во кули Расадник, Кисела Вода.

Поради дефект на приклучна цевка и дефект во шахта на улица „Даскал Камчев“ бр.3 во Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од улиците: „Даскал Камчев“, „Гиго Михајловски“, „Иван Аговски“ и дел од „Руѓер Бошковиќ“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.