четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Кеси е нов фудбалер на Ал Ахли

Кеси е нов фудбалер на Ал Ахли

Франк Кеси ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија во дресот на Ал Ахли, потврдија денес двата клуба.

Кеси не се снајде најдобро во Барселона и не беше во плановите на Чави за следната сезона, па Каталонците го продадоа после само една сезона.

Барселона за неговата слобода ќе добие 12,5 милиони евра, а Кеси потпиша 3-годишен договор со Ал Ахли тежок 60 милиони евра.