среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Трик за убавина од 90-тите кој е повторно популарен: Корисен совет како да ги сокриете мозолчињата

Трик за убавина од 90-тите кој е повторно популарен: Корисен совет како да ги сокриете мозолчињата

Малку работи имаат моќ да го уништат секој ден како несакано мозолче што ќе се појави во погрешен момент. Слој подлога, па коректор, па уште пудра и уште коректор, но таа е сè уште таму. Сокривањето на мозолчето со голема количина шминка ретко успева, па затоа е важно да почнете да размислувате во друга насока. За среќа, постои еден мал трик за убавина кој беше исклучително популарен во 1990-тите и на кој се чини дека сите сме заборавиле кога станува збор за овој проблем.

Веќе знаете дека натрупувањето слој по слој од коректор и пудра само дополнително ја нагласува текстурата на несаканото мозолче. Колку и да се трудиме да го скриеме црвенилото, не можеме да ја сокриеме текстурата. Затоа, секогаш останува забележливо. Затоа, наместо неуспешно да се обидуваме да го скриеме со големи количини на производи, ние ќе го трансформираме.

Затоа, кога ќе ја започнете шминката, нанесете ја вашата основа како што обично би правеле. Обидете се да го покриете црвенилото на мозолчето што е можно повеќе, но не грижете се ако не успеете целосно. Сега доаѓа клучниот дел од овој трик – земете кафеав молив за очи или кафеава сенка и едноставно нацртајте точка над мозолчето за да му дадете изглед на бенка. Значи, фактот што кожата е подигната таму работи во наша корист, што ја прави бенката многу поверодостојна, наместо неуспешно да се обидуваме да ја камуфлираме. Доколку сакате, додајте уште ситни „бемки“ околу лицето за да ги споите сите заедно и да го направите вашиот мал натрапник невидлив.

Испробајте го овој едноставен мал трик следниот пат кога ќе имате непожелен гостин на вашето лице, и сигурни сме дека тој ќе стане ваш нов вистински коректор за мозолчиња.

@f.bermann ✰ did you know about this hack? #makeupartist #fyp #makeuptips #makeuphack #makeuptricks ♬ original sound – f.bermann