Селекцијата на Шпанија е нов светски првак во кадетска конкуренција, откако во финалето на Мундијалот во Хрватска ја победи Данска со 28-23.
Ова е втор трофеј во серија, откако Шпанците лани триумфираа и на Европското првенство за кадети. На светскиот трон, Шпанија е наследник на Египет кој го освои трофејот во 2019 година во Скопје.
Во борбата за третото место, Хрватска по продолженија беше подобра од Египет и го совлада со 39-37.