среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонските фудбалери до 19 години славеа победа над Грузија

Македонските фудбалери до 19 години славеа победа над Грузија

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денес забележа минимална победа со 1:0 над Грузија на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

Контролниот меч беше одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

„Црвено-жолтите“ одиграа квалитетен натпревар, многу подобар во однос на првата контролна пресметка и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Стрелец на единствениот гол на средбата беше Димитар Данев на асистенција на Зани Назифи. Една минута подоцна гостите добија пенал, но голманот Петар Јакимов беше на висина на задачата, успевајќи да го скроти ударот од 11 метри.  (МИА)