четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Фатална црнокоса е соучесник на монструмот? Полицајка која била во врска со Сулејмановиќ ја открила локацијата на жртвата

Фатална црнокоса е соучесник на монструмот? Полицајка која била во врска со Сулејмановиќ ја открила локацијата на жртвата

Канцеларијата на главниот обвинител и раководството на Полициската управа на МВР денеска одржаа итен состанок на кој се разговараше за постапувањето на институциите во врска со пријавениот кривично дело семејно насилство во врска со случајот Низама Хеќимовиќ, која пред три дена беше убиена од Нермин Сулејмановиќ.

Но, сега се открива дека едно женско лице го известило Сулејмановиќ на која локација била Низама, која се криела кај нејзината тетка заедно со нивното дете.

Станува збор за Џенана С., полицајка за која медиумите пишуваат дека била во врска со монструозниот убиец.

„Аваз“ неофицијално дознава дека тројниот убиец Сулејмановиќ бил во врска со полицајката, која е осомничена дека му дала информации од истрагата и наводно ја издала локацијата каде се кријат Низама и нејзиното дете.

На полицајката, која е надвор од границите на БиХ, поточно на одмор во Италија, сега и се заканува суспензија и дисциплинска постапка бидејќи била во врска со криминално лице. Се чека нејзиното сведочење.

Имено, Сулејмановиќ е осуден за разни кривични дела, меѓу другото, осуден е и пред околу 15 години за обид за убиство, за што таа знаела.

-Има повеќе пресуди за насилничко однесување и загрозување на безбедноста, имал пријави за семејно насилство, се работи за лице со повеќекратни пресуди, соопштија претходно од Обвинителството ТК.

Фотографиите објавени од балкснките медиуми се со заматен лик бидејќи полицајката примила низа закани по овој настан, па додека официјално не е обвинета, се заштитува нејзиниот идентитет