недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тимбер од Арсенал во “аут“ најмалку шест месеци!

Тимбер од Арсенал во “аут“ најмалку шест месеци!

Лоша вест доби Микел Артета во врска со повредата на Јуриен Тимбер, новото име во Арсенал кој требаше да биде еден главните играчи во новата сезона.

Имено дефанзивецот кој дојде од Ајакс ова лето, има повреда на вкрстените лигаменти ќе биде во “аут“ најмалку шест месеци, барем така навестуваат медиумите на Островот.

Да потсетиме дека Тимбер се повреди на мечот против Нотингем Форест во рамките на 1.коло во новата сезона во Премиерлигата.