Без вода денеска од 11:40 часот ќе бидат корисниците од улица „Македонска Косовска Бригада“.
Прекинот со водоснабдувањето, како што информираат ЈП Водовод и Канализација – Скопје, е поради дефект на приклучна цевка ф- 2 на „Македонска Косовска Бригада“, крак 1,3 5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.